На прославата по повод 150-годишнината од гимназијата Вељко Петровиќ од Сомбор, покрај врвните представници на републичката, покраинска и локална власт, Српската православни црква и другите овде застапени верски заедници, директорите на сомборските средни школи, значајни јавни личности, граѓани, пријатели и ученици, пристигна и делегација од гимназијата “Кочо Рацин“ од Велес, која ја чинеа Анита Смилевска психолог, Бранка Донева педагог, Десанка Нојкова секретарка и две ученички, Емили Митревска и Клара Арсовска
Двете гимназии блиско и плодно соработуваат повеќе од 10 години после збратимувањето на нашиот град Сомбор со градот Велес од Македонија. Натпревари, разни манифестации, заеднички проекти, се дел од досегашното дружење.
Воодушевени од дочекот, гостопримството на домаќините, посебно директорот Душан Мишковиќ, од помпезната пребогата свечана академија, од градот и неговите знаменитости, гостите си заминаа денес, преполни со емоции и со намера набрзо да се видат со колегите од Сомбор во декември оваа година во Велес, на обележувањето 160 години од постоењето на велешката гимназија.
Директорот на велешката гимназиа, Иле Попов, се извинува и длабоко жали што беше спречен да дојде од фамилиарни причини.
Представничките на гимназијата „Кочо Рацин“ се сретнаа и со представници на Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ Пела, чија председателка др Лилјана Соколова го иницираше збратимувањето на градовите Велес и Сомбор.
– Додаток: Фото галериа –
Рубрика је саставни део овогодишњег пројекта “Сви смо једно – вишејезично, ваш Нови Радио Сомбор“ суфинансираног из буџета Града Сомбора за 2022. годину. Ставови изнети у подржаном медијском пројекту нужно не изражавају ставове органа који је доделио средства.
Медијска пажња и пратња: Нови Радио Сомбор
(Сва ауторска права евентуалног даљег објављивања ове рубрике и њеног целовитог садржаја постављено на порталу Новог Радио Сомбора без упита и дозволе било које стране или појединца заштићена и задржана свим релевантним правним механизмима!)