Вести на денот – Novosti dana
Bо организација на Здружението на Македонците од Западнобачкиот округ со седиште во Сомбор, ПЕЛА и Македонскиот издавачки центар од Панчево НИУМИЦ, а со пдршка на Националниот совет на Македонската заедница во Србија и градот Сомбор, 2019. година, четврта по ред, се одржа традиционалната манифестација СРМА – Активни културни размени Србија Македонија
Во прекрасната Свечана сала на градската управа – ЖУПАНИЈАТА, културната поетско музичка вечер беше отворена со изложбата на македонскиот сликар Ордан Трајковски од Обреновац и неговите големи платна со македонски мотиви. За своите слики говореше авторот. Манифестацијата продолжи со премиерната изведба на документарниот филм на Оливер Бранковик од Белград, Црешовото топче, а во продукција на МРТВ. Во продолжеток се одвиваше размената на убавиот збор со прекрасните ноти на класичната гитара во изведба на младиот професор од Средното музичко училиште од Сомбор, Марко Радојковић. Во поетскиот дел учествуваа: македонската поетеса Јулијана Маринковик од Ресен, Македонија, еминентните писатели од Белград Радомир Андрик, Јеремија Лазаревик и Искра Пенева, Недељко Терзик од Сремска Митровица, и првонаградените поети на разни поетски културни настани во Србија, поетите од Сомбор, Стојан Бербер, Зденка Феђвер, Давид Кецман и Миленко Попик и од Чикаго, САД, Рајко Игик.
Во текот на манифестацијата беа поделени значајни награди. Секретарот на Макдонската амбасада во Белград, Драган Митревски му ја додели на српскиот писател Недељко Терзик наградата на НИУМИЦ „Македон“ за поврзување на македонската и српската култура, а писателот Радомир Андрик и ја додели книжевната награда на Јулијана Маринковик за книгата „Бесконечни чекори“, преведена на српски од Виктор Шећеровски и Искра Пенева.
На манифестацијата присуствуваа и гости од повеке здруженија на Македонци во Србија, представници на градската управа-помошникот на градоначелничката на Сомбор за мегународна соработка, членови на ПЕЛА и грагани на Сомбор. Богатата културна вечер продолжи во ресторанот Москва во Сомбор, каде што учесниците на СРМА 2019. и гостите, имаа прилика поблиску да се запознаат у разменат предлози и планови за понатамошната соработка. Следниот ден учесниците на манифестацијата продолжија во посета на галеријата „Милан Коњовик“, разгледувањето на гардот и ручек во еден од најстарите ресторани во градот.
Председателката на ПЕЛА др Лилјана Соколова, во името на здружението и лично, топло се заблагодарува на сите драги гости и учесници, што ја обележија и увеличаа нашата манифестација-Културната активна размена Србија Македонија, со која Здружението на Македонци на ЗБО ПЕЛА, уште еднаш ја нагласи неопходноста и значењето на пријателските односи и соработка кои се негуваат во нашиот, мултинационален Сомбор и постоењето на македонската нација во тоа мултикултурално миље.
СРМА се организира од 2014. година, кога е основано ова здружение. Минатата година, поради пандемијата на КОВИД-19, СРМА не се одржа, затоа, длабоко се надеваме дека оваа, 2021. година ке можеме да продолжиме со културните размени Србија-Македонија.
Pokrajinski sekretarijat za kulturu, javno informisanje i odnose s verskim zajednicama je sufinansirao projekat „Svi jezici – jedno blago“ aplikanta Udruženja „Podium“ putem medija Novog Radio Sombora na Konkursu za sufinansiranje projekata proizvodnje medijskih sadržaja iz oblasti javnog informisanja za 2021. godinu. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove Pokrajinskog sekretarijata za kulturu, javno informisanje i odnose s verskim zajednicama, koji je dodelio sredstva.
Medijska pažnja i pratnja: Novi Radio Sombor
http://keepone.net/radio/k138251/novi-radio-sombor*
*Novi Radio Sombor na vodećoj platformi radio stanica svih država sveta